Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Магнезиум... колку е доволно?

Магнезиум... колку е доволно?
Објавено: 2010-08-12
Магнезиумот е минерал, кој учествува во активноста на околу 300 ензими во организмот, а неговите најважни функции се:

  • Минерализација на коските
  • Пренос на нервните сигнали
  • Регулирање на крвниот притисок и срцевиот ритам
  • Регулирање на контракцијата на мускулите

Најважниот мускул, чија фнкција зависи од внесот на магнезиумот е срцето. Сè повеќе се проучува поврзаноста на недостатокот на магнезиум со неправилната работа и нарушувањата на срцето, развојот на ангина пекторис и многу други појави.

Недостатокот е честа појава


Преку вообичаена исхрана дневно се внесуваат 180-300 мг. магнезиум, меѓутоа, треба да се земе во предвид дека организмот е во состојба да апсорбира само една третина од магнезиумот, кој се внесува преку исхраната. За намалувањето на ресорпција на магнезиумот од храната влијае и застапеноста на мастите во исхраната, внесот на фосфати, алкохол, стрес и некои видови на лекови.
Недостатоците од магнезиумот можат да се појават во текот на растењето и развојот на децата, за време на бременоста, при повраќање, дијареа и хронични заболувања на бубрезите, при интензивен стрес, при повраќање и хронични заболувања на бубрезите , при внесување на масна храна, прекумерно консумирање на млечни производи, итн.
Симптомите од недостаток на магнезиум вклучуваат слабост на организмот, грчеви во мускулите, нарушена работа на срцето, раздразливост и главоболки.

При недостаток во органимот се препорачува внесување на диететски додатоци на база на магнезиум, особено за превенција од срцеви и кардиоваскуларни заболувања, појава на висок крвен притисок, дијабетис, нервна напнатост, раздразливост, нарушување на спиењето, при бременост и доење, секако во консултација со лекар.

Извор на магнезиум во храната

  • Блитва - идеална за подготовка на лесни јадења, а освен со магнезиум, богата е и со калиум, железо, минерални остатоци, витамин Ц. Една шоља варена блитва задоволува и до 50% од дневната потреба за магнезиум.
  • Спанаќ - се вбројува во нутритивно најбогатиот зелен зеленчук. Една шоља варен спанаќ задоволува 40% од дневната потреба за магнезиум.
  • За надоместување на магнезиумот треба почесто да се грицкаат бадеми, ореви, лешници, кикирики или уште подобро, семки од тиква и сончоглед. Една четвртина шоља бадеми задоволува речиси 70% од дневните потреби за магнезиум, а истата количина на семе од тиква дури 85%
  • Помеѓу другите страни, сојата е позната и како богат извор на магнезиум. Уште повеќе магнезиумот се содржи во сирењето од соја, тофу. Половина шоља задоволува околу 40% од дневните потреби за овој минерал.
  • Јогуртот во 100 гр. содржи околу 20 мг. магнезиум.
  • Во 100 гр. чоколадо има околу 230 мг. магнезиум, што претставува 75% од дневните потреби за овој минерал.

Од огромно значење за здрајето и нормалното функционирање на организмот претставува внесувањето на потребните количини на магнезиум. Овие потреби зависат од општата состојба на организмот, возраста, полот, бременоста, доењето и прехрамбените навики.

Според дневно препорачаните дози, магнезиумот е потребен:

за деца - 170 мг.
за тинејџери - 350 мг.
за жени - 280 мг.
за мажи - 350 мг.

 

Слични статии:

Колку добро сме снабдени со магнезиум? Колку добро сме снабдени со магнезиум?

Ако кај нас се појават некои од овие симптоми, во прашање би можело да да биде недостигот на магнезиум:

Недостаток на магнезиум при стрес Недостаток на магнезиум при стрес

Сресот е болест на 21 век. Сресот на работното место, прекувремената работа, финансиските проблеми, проблеми со партнерот, малку сон и многу други фактори на стрес доведуваат до огромна потреба за магнезиум.

Важноста на магнезиумот во исхраната Важноста на магнезиумот во исхраната

Здравствените експерти редовно стваат акцент на важноста на доволното ниво на витамини и минерали во исхраната. Нашето тело имаат голема потреба од нив, за буквално сите акспекти на животот. Меѓутоа, забораваат дека постои многу други хранливи супстанци, кои можат да бидат потребни во мали количина, но сеуште се важни за добро здравје.

Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг