Мали детали од голема корист при готвењето
Месото за скара не смее да биде само што извадено од фрижидер затоа што би можело да се случи одвнатре да остане ладно. Продуктите пред да бидат употребени на скара треба да бидат на собна температура.
Кога печете месо кое долго стоело во замрзнувавач, покрај него ставете неколку кришки корен од целер и печете заедно. Така месото ќе биде повкусно.
Оризот ви разварил (преварил), ништо за тоа, за прилог подгответе друг, а овој преварениот искористете го да направите прженки. Додајте му 1 јајце, малку црн пипер, 2 лажици лебни трошки и 1 лажица ситно сечкан магдонос па убаво измешајте. Со лажица вадете од смесата, спуштајте на врело масло и малку испржете од двете страни, да добијат убава црвена коричка.
Похуваната риба ќе биде повкусна ако во лебните трошки додадете малку рендано жолто сирење.
Карфиолот по варењето ќе ја задржи убавата бела боја ако во водата, во која варите ставите еден филџан (од кафе) млеко.
Овошната салата ќе биде и поаромантична ако во неа ставете 1-2 лажици рум или вињак. Исто така подобро е да не ја засладувате со шеќер туку со сируп од малини или вишни, по вкус.
Шпагетите и останатите тестенини полесно ќе се подгреат ако ги ставите во цедалка и на нив пуштите млаз врела вода. Потоа исцедете и послужете.
Малку испуканото јајце можете да го сварите ако во водата додадете 1-2 лажици оцет.
Матната јунешка супа ќе ја избистрите ако во врелата течност истурете една белка изматена со вилушка. По неколку минути белката ќе ги соедини сите честички кои супата ја прават матна. При повторното цедење супата ќе биде бистра.
При печењето на скара месото мора да биде суво, без влага, а подобро е ако малку се намачка со масло. Сол и црн пипер ќе ставите кога ќе биде испечено, затоа што солта повлекува вода па од месото би истекол сиот сок, а запечениот црн пипер има непријатен мирис и вкус.
Посното месо е многу повкусно ако се шпикува со сланината т.е. ако на повеќе места се направат малечки засечоци па се вметнат парчиња сланина. Шпикувањето ќе биде полесно ако исечканите парчиња сланина малку се замрзнат.
Сосот од домати за шпагети ќе биде повкусен ако му додадете една шоља кисела павлака.
Ако сами месите домашни јуфки, на секое јајце кое ќе го употребите во тестото истурете по половина лушпа млака вода. Јуфките ќе бидат одлични и нема да се кршат.
Кујнските крпи ќе бидат убаво испрани и полесно ќе се отстранат флеките ако преку ноќ ги оставите потопени во вода во која сте додале 1 лажица сода бикарбона. Утредента крпите исперете ги на стандарден начин.
Слични статии:
|
|
Може ли да се направи тесто во миксер? Ви нудиме неколку корисни совети како да подготвите тесто за слатки пити, во миксер, дали тоа тесто можете да го збогатите со некои состојќи, и дали можете да го користите за пити. |
|
Варење на храната - Во ладна или зовриена вода Варењето на местото, рибата, мешункастите плодови и зеленчукот може да ви изгледа како наједноставна операција. Меѓутоа, вистината не е таква. За да се добијат задоволителни резултати, треба да се води сметка за тоа каков ефект има температурата на водата врз влакната од состојките. Затоа е потребно да се знае дали тие треба да се стават да се варат во ладна или топла вода. Доколку сепак не сте сигурни кои состојки во каква вода се варат, погледн |
|
Кујнски мери и тежини Мошне често ќе се најдете во ситуација да ги мерите тежините со чаша или лажица, наместо со грамови или делови од литар. |
|
Бонтон на маса Култура не е само одење во театар или познавање на модните трендови. За вистинските етики, здравата храна и за однесувањето на маса, исто така, треба да имате големо познавање. |
|
Варење на храната „Сад во Сад“ Во рецептите честопати среќавате упатства одреден сат со одредена состојка да ставите во поголем сад со вода и потоа да ги ставите на оган. Најчесто овој начин се користи за готвење деликатни состојки, кои во директен контакт со топлината може да се уништат. Затоа, доколку ја ставите состојката во сад, кој пак ќе го ставите во поголем сад со топла вода, топлината доаѓа до садот преку водата и се распределува подеднакво насекаде. Затоа овој начи |
|
Непријатни мириси од кујната - Ако рацете ви мирисаат на кромид или лук, земете малку талог од кафе и протријте го во рацете, мирисот ќе исчезне. |
|
Продукти од кујната Ачето балзамико е ароматичен оцет кој одлежал во специјални буриња, и има специфичен, малку сладок вкус. |
|
Општи совети за подготвување зимница Кога ќе отидете на пазар да купите овошје и зеленчук, одбирајте ги само најквалитетните. Не зрелите плодови ќе останат такви, а оние кои се презреани можат да го расипат вкусот при конзервирањето. |
|
Храната што е препорачлива за во детското мени Ретко кое дете ќе јаде храна само затоа што мајката вели дека е здрава. По правило, ако на детето му кажете дека нешто е здраво, најверојатно тоа нема да сака ни да проба. За оброците да не станат бојно поле, најдобро е вашите битки да ги ограничите на неколку супернамирници што се важни во детската храна. А останатото... ако не сакаат – не мора да го јадат. |
|
Како сами да направите боза Во еден сад ставете 1 килограм пченкарно брашно, прелијте го со 10 литра млака вода. Ова правете го навечер. Утредента оваа течност ставете ја на слаб оган, па полека да врие околу 2 саати. |