Наполнете ја полицата која ви е во рамна линија со погледот (или најгорната полица) со овошје, зеленчук и други хранливи намирници. На тој начин, ја зголемувате веројатноста за 2,7 пати да јадете здрава храна, тврди една студија спроведена од страна на Универзитетот Корнвол. "Токму поради овие причини сите производители плаќаат поголема цена за нивните производи да бидат поставени на полицата која оди во рамна линија со погледот на просечно висок потрошувач (во некои од поголемите маркети кај нас, а во светот тоа е многу почеста практика)", велат истражувањата при Универзитетот Голден Гејт.
Организација на намирниците
Намирниците имаат поголем рок на траење, доколку правилно се чуваат. Од Францускиот Кулинарски Институт ги нагласија следниве совети:
- Наместете го фрижидерот на температура која е само за неколку степени над температурата за замрзнување, односно околу 1 целзиусов степен. На оваа температура се постигнуваат доволно студени услови за да се забави развојот на бактериите, без притоа да дојде до замрзнување на храната.
- Наредете ги брзо растворливите намирници во задниот дел на полицата. Млекото, месото, рибата и јајцата доколку многу подолго се чуваат во задниот дел на полицата, таму температурата е најниска, а ќе бидат заштитени и од бранот топол воздух при секое отворање на фрижидерот.
- Наредете ги сировите протеини на најниската полица, за да го избегнете цедењето на сокот од свежото месо по другите полици и на тој начин да ги заразите сезонските намирници со патогени, како што се Е. Коли и Салмонела. И секако, чистете го фрижидерот најмалку еднаш во текот во неделата со средства за дезинфекција или со чиста крпа, потопена во раствор од сапун и вода.