Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Пилот диета

Пилот диета
Објавено: 2010-10-05
При држењето на оваа диета дозволено е сè, нема некое преголемо одрекување, но треба да останете во рамките на зададените поени и комбинацијата на орбоците - што понекогаш може тешко да се одржи. Оваа диета, инаку, влегува во "брзите" диети и губењето на килограмите се движи околу 5 килограми за седум дена.

Сè што треба да направите е да го почитувате правилото, во рамките на еден ден да имате на располагање одреден број поени и ништо повеќе. Како ќе ги комбинирате оброците е работа на изборот, но, не смее да премине преку бројот дозволени поени во текот на еден ден (18 - 20 поени). Можете дури и да "штедите", па да речеме еден ден изедете продукти во вредност од 15 поени, а во утрешниот ден разликата да ја надоместите на некоја забава. Кога сè ќе сумираме, вреди да пробате. Ако се впуштите во оваа "авантура", погодно е да имате некој бележник при рака, на кој ќе запишувате после секој оброк колку поени сте искористиле.

Следи листата на поени и обрици кои ги носат:

Појадок - 3 или 4 поени

3 поени - 1 портокал, цел или исцеден, 1 пециво со јогурт, со малку краставица, чај или кафе.

3 поени - Освежувачка овошна салата (портокал, грејпфрут, киви), 3 парчиња салата со малку не многу масно сирење, чај или кафе.

3 поени - Гриз со варено млеко (200 мл.), суво овошје (20 гр.), чај или кафе.

3 поени - 1 банана, шоља шлаг, чај или кафе.

4 поени - 2 парчиња интегрален леб (40 гр.) лажичка путер и 2 лажички џем, две киви, чај или кафе.

4 поени - Чаша сок од портокал, палачинка со малку џем, чај или кафе.

4 поени - 2 парчиња леб (60 гр.), 2 парчиња стопено не многу масно сирење, 1 грејпфрут, кафе или чај.

4 поени - Двопек со мармелад, шоља малку масно млеко, две киви, чај или кафе.

6 главни јадења (ручек) по Ваш избор

6 поени - Парче варена бела риба, чинија зелена салата со оцет и масло, крем од ванила со карамела и една круша.

6 поени - салата од домат со лажичка маслиново масло, лук, парче варено пилешко (бело месо) со лажичка маргарин, 2 лажички пире од компир, 3 мандарини.

6 поени - 1 парче варена риба, чинија шампињони, 2 компири варени на пареа или 4 лажички варен ориз, 1 овошен јогурт.

8 бодови - чаша вино, 10 крекери, кељ варен на пареа, 2 мали компири, 1 топка сладолед.

8 поени - 1 парче лосос печен на жар со лажичка тартар сос, 2 лажички варен ориз, 1 лажичка кисело млеко, 1 праска или јаболко.

8 поени - 1 полнет домат (со не масно сирење), печен бут од зајак со темјан, сатараш со лажичка масло, 4 лажички палента, 1 кришка свеж ананас.

6 поени - 1 тањир супа од зеленчук без тестенини, 1 бифтек печен на жар (отстранете ја маснотијата), 4 лажички тестенини, чинија компот.

6 Поени - Лазањи со тиквички и сирење, 1 јајце, кришка леб, зелена салата со малку масло, оцет и зачини, чинија боровинки или капини.

8 Поени - краставица со 2 лажички кисело млеко, 1 кришка леб, 1 јунешка шницла од бут (60 гр.) 6 лажички грашок, 1 круша или јаболко

8 Поени - супа од зеленчук со лажичка кисело млеко, варен зеленчук (по избор) и 2 варени пилешки филети, 1 овошен јогурт.

8 Поени - 1 телешка шницла печена на лажичка маргарин, 250 гр. грашок со морков, чаша вино.

Додатна напомена

Во случај на глад, некои од следниве ужини можат да помогнат, но тоа ќе ве чини 2 поени:

  • 1 интегрална кифла
  • 1 кришка прелиена со 15 гр. топено чоколадо
  • 2 мали палачинки со малку путер
  • 1 парче пита од сирење
  • 1 помал чоколаден колач

Јадете риба 3 пати во неделата

Благодарение на белковините и здравите масни киселини, рибата е една од најдобрите продукти на Вашото мени. Не носи многу бодови, а изобилува со здрави состојки. Немојте да се одрекувате ни од "масната", плава риба (туна, лосос), бидејќи содржи само корисна маснотија. 

Слични статии:

Јапонска диета Јапонска диета

Со текот на оваа двонеделна диета можете да сметате на губење до 7 килограми. Првите 2-3 дена се малку тешки, но после тоа се оди сосема добро. Може да се спроведе во било која доба од годината, затоа што намирниците кои се вклучени во оваа диета, се достапни во текот на целата година.

Диета Диета "Утринска банана"

Диета „Утринска банана“ Кога пред две години во Јапонија е промовирана диетата „Утринска банана“ за многу кратко време станала толку популарна и поради тоа дошло до недостаток на банани на пазарот! Самата диета ја смислиле Хитоши Ватанабе кој се занимавал со проучување на превентивна медицина и неговата сопруга Сумико, која е фармацевт по струка.

Прескокнување на орбоците - лош избор при намерата за губење на вишокот килогами Прескокнување на орбоците - лош избор при намерата за губење на вишокот килогами

Мислењето на некои особи, дека со прескокнувањето на оброците полесно ќе се изгубат непотребните килограми е дефинитивно погрешно. На тој начин се постигнува само спротивен ефект, бидејќи ако телото долго остане без храна, метаболизмот се успорува и организмот поспоро ги троши калориите кои ги внесуваме со наредниот оброк.

Совети за трајно губење на килограмите Совети за трајно губење на килограмите

Можеби звучи чудно, но, потврдено е со бројни истражувања, дека е многу полесно да ги изгубите непотребните килограми отколку да го спречите нивното повторно враќање.

Четири правила за брзо слабеење Четири правила за брзо слабеење

Забравете ја вашата широка облека. Со овие четири правила кои ви ги нудиме, повторно ќе можете да ја облечете вашата омилена облека, која со неправилната исхрана и неправилниот живот ви станала претесна.

Диета базирана на тестенини Диета базирана на тестенини

1. Ден За доручек: парче леб од интегрално брашно со малку кравјо сирење и на тоа додадете исецкан домат и малку сол. По појадокот можете да се напиете кафе или чај, но без шеќер. Ужина: Една јаболка. Ручек: салата од тестенини со зачински билки. Пред вечера: еден портокал. Вечера: супа од тиквички.

Идеална или среќна тежина Идеална или среќна тежина

Дали навистина морате да се вратите на тежината која ја имавте во средно училиште или на денот на Вашата венчавка? Според зборовите на експертите, можеме да имаме повеќе килограми отколку некогаш, а при тоа и понатаму да бидеме во добра форма, да бидеме здрави и среќни. Доколку ја преминувате својата предвидена идеална тежина, само мало губење на неколку килограми (10%) Вам ќе ви донесе грст подобрувања: регулирање на крвниот притисок и холестеро

Палеолитска диета Палеолитска диета

Прв ден. Појадок, не е ни на лик ист со вообичаениот. На чинијата поккрај ситни исецканите банани, има кајгана од две јајца и пилешки гради. Нема овесни каши, нема леб, а нема ни млеко и житарки. Називот кој стручњаците го осмислиле за оваа диета е палеолиска диета. Менито сосема е налик на тоа кое го имале нашите предци, од пред околу 40.000 години. Предлагачите на оваа диета веруваат дека начинот на исхрана е случен со онаа кои ја имале Фред и

Појадок диета Појадок диета

Уште од своето раѓање слушаме дека најважно е да имаме доручек како крал, ручек како принц, а вечера како сиромав. Навистина, во тоа лежи и тајната на "појадок диетата". Нејзината основа е доручек како на крал секојдневно, бидејќи оваа диета пред се се потпира на времето кога јадете, а не на храната која ја јадете.

Десет совети за отстранување на целулитот Десет совети за отстранување на целулитот

Внесувајте доволно течности. Најдобро е да се пие обична вода. Водата ја подобрува размената на материите, а со тоа ги отстранува токсините.

Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг