Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Појадок диета

Појадок диета
Објавено: 2010-09-20
Уште од своето раѓање слушаме дека најважно е да имаме доручек како крал, ручек како принц, а вечера како сиромав. Навистина, во тоа лежи и тајната на "појадок диетата". Нејзината основа е доручек како на крал секојдневно, бидејќи оваа диета пред се се потпира на времето кога јадете, а не на храната која ја јадете.

Во пракса тоа значи следново: доколку пред 9 часот наутро внесете 610-850 калории, тоа ќе го "разжешти" Вашиот метаболизам така што ќе го искористи потенцијалот на Вашиот дневен биоритам. Овој биоритам понатаму делува на хормоните, начин на кој Вашето тело ги искористува јаглените хидрати и протеини како извор на енергија и на тоа колку ефикасно Вашиот организам ги согорува мастите.

Кога еднаш ќе започнете со овој режим на исхрана, тогаш ви е дозволено да јадете што и да посакате - сладолед, пијалоци, крофни... Сето тоа е во ред додека за време на појадокот ја комбинирате оваа храна со храната која е богата со протеини и влакна. Набљудувачите на оваа диета и експертите наведуваат дека можете да изгубите дури и до 10 кг. за еден месец.

Тајната е во тоа што кога јадете права храна во право време, Вие додатно ја забрзувате работата на својот метаболизам, го задоволувате својот апетит пред гладта воопшто да се појави, а како резултат на сето тоа ги губите и непотребните килограми.

Мени

Секој ден треба да го започнете со појадок. Подготвување, времето неопходно за јадење на појадокот и самиот процес на јадење на оброкот треба да ви причинува задоволство. Не е само било кој обилен појадок доволен за Вам ве оддржи сити во текот на денот. Тоа што исто така е силно важно е и консумирањето на одговорната комбинација на протеин, јаглени хидрати и шеќер.  

Пробен утрински оброк: кајгана од 3 белки, 55 гр. сирење, 50 гр. шунка (или слично месо) и зеленчук.

Потоа: пченкарни житарки со 200 мл. млеко, сок од цедено овошје и кола (чоколаден колач, крофна или нешто слично).

Еве и приказ како овој турбо-план на исхрана се отсликува на сите три оброка:

Појадок: 7 "порции" богати со протеини (вклучувајќи и две со млечни производи), 2 "порции" јаглени хидрати, 2 "порции" храна која содржи масти и едно слатко за десерт.

Ручек: 3 "порции" богати со протеини, 3 "порции" ниско калоричен зеленчук, 2 "порции" зеленчук богат со скроб и 1 "порција" овошје.  

Вечера: 3 "порции", неограничен број "порции" ниско калоричен зеленчук, 2 "порции" зеленчук богат со скроб и 2 "порции" овошје.

Експертите наведуват дека основна алка на оваа диета се протеините, и тоа без своите општо познати способности да го задоволат чувството за глад и да создадат чувство на ситост. Јаглените хидрати исто така се важни за состојките на утринскиот оброк: доколку се внесува пред 9 часот наутро, нашиот организам ги вари на различен начин, па доаѓа до зголемување на севкупната телесна енергија наместо истата таа енергија да се таложи во вид на масни наслаги.

За оваа диета да биде ефикасна, многу е важно да појадувате 15 минути по будењето, а не покасно од 9.00 часот (или 10.00 за време на есен и зима), ручекот треба да го јадете до 14:00 часот (15:00 есен/зима) и вечерата неколку часови попоцна.

Доколку Вам на почетокот ваков појадок ви е тежок, немојте да се откажете, бидејќи со тек на времето полека ќе се навикнете на овој режим.

Испитувања и совети на екпертите

Експертите исто така потврдуваат дека појадокот е најважен оброк во текот на денот. Меѓутоа, тоа не мора исклучиво да значи дека е важно само времето на појадокот, како ни тоа дека мора да содржи баш точно половина од неопходната дневна количина на калории. Појадокот нам, навистина, ни помага што поенергично да го започнеме денот и на тој начин што подобро да го контролираме внесот на калории, но нема многу конкретни докази дека појадокот пред 9 или 10 часот и внесувањето на 600 калории, сам по себе има некоја посебна вредност. Имено, особите кои секојдневно за појадок јадат здрав оброк, имаат поголема контрола над својот дневен внес на калории. Исто така, бројни студии покажале дека истите тие особи имаат и нормална телесна тежина.

Прескокнување на појадокот, од друга страна, се доведува во директна врска со вишокот килограми и зголемен ризик од здебелување.
 

Слични статии:

Совети за трајно губење на килограмите Совети за трајно губење на килограмите

Можеби звучи чудно, но, потврдено е со бројни истражувања, дека е многу полесно да ги изгубите непотребните килограми отколку да го спречите нивното повторно враќање.

Пилот диета Пилот диета

Дозволено е сè, нема преголемо одрекување, но треба да останете во рамките на зададените бодови и комбинацијата на орбоците - што понекогаш може тешко да се одржи. Оваа диета, инаку, влегува во "брзите" диети и губењето на килограмите се движи околу 5 килограми за седум дена.

Диета базирана на тестенини Диета базирана на тестенини

1. Ден За доручек: парче леб од интегрално брашно со малку кравјо сирење и на тоа додадете исецкан домат и малку сол. По појадокот можете да се напиете кафе или чај, но без шеќер. Ужина: Една јаболка. Ручек: салата од тестенини со зачински билки. Пред вечера: еден портокал. Вечера: супа од тиквички.

Гумите за џвакање го топат вишикот килограми? Гумите за џвакање го топат вишикот килограми?

Гумите за џвакање не само што може да ни даде свеж здив, туку може да ни помогне и да се откажеме од цигарите, да ни го подобри помнењето, дури и да помогне да се ослободите од вишокот килограми.

Диети - колку се ефикасни? Диети - колку се ефикасни?

Весниците, интернет страниците и телевизиските програми се преполни со разновидни диети, со чија помош Вие "брзо и трајно" би ги намалиле непотребните килограми. Покрај диетите, често се рекламираат и препарати (таблети, капсули и чаеви...), кои ефикасно ја намалуваат прекумерната тежина за "брзо и кратко време". Маѓутоа, сите овие совети (и реклами) често можат да бидат неефикасни на "долги патеки", а понекогаш и опасни по животот.

Ослободете се од целулитот Ослободете се од целулитот

Целулитот денес се доживува првенствено како естетски проблем, иако тој дефинитивно не е само тоа. За жал целулитот преставува озбилен здравствен проблем, кој се јавува поради намалените можности за разградување на мастите. Естрогенот исто така го успорува разградувањето на мастите.

Намирници кои го намалуваат апетитот Намирници кои го намалуваат апетитот

Факт е дека било која диета да ја спроведете за да ги изгубите вишокот на килограми, морате да се соочите со глад и копнеж за јадење. Постојат многу стратегии кои помагаат да се намали чувството на глад, како што е пиењето на многу течности, консумирањето повеќе намирници богати со растителни влакна, избегнување рафинирани јаглени хидрати, но сепак не постои ништо што апсолутно може да го отстрани чувството за глад.

Диета за само 3 дена Диета за само 3 дена

Брзата диета "3 дена" е една од најпопуларните диети денес, која трае кратко а дава инстант резултати. Оваа диета не влегува во редот на често препорачливитее диети, па така ако веќе се одлучите да ја држите - држете ја само 3 дена! Многу луѓе ја усвојуваат како своја редовна диета и ја повторуваат кога мислат дека им е потребно брзо да намалат некој килограм.

Викенд диета Викенд диета

Сржта на оваа диета е зеленчукот, кој се јаде сиров или варен во супа, така што и понатака ги задржува своите добри својства. Додека се придржувате кон оваа диета, не смеете да јадете скробен и сушен зеленчук (компир, грашок...). Морковот и цвеклото јадете ги умерено во комбинација со други зеленчуци.

Диета базирана на бебешка храна Диета базирана на бебешка храна

Сè започна со тоа што практикантите на разни диети приметија дека големината на бебешката порција (и она што се наоѓа во неа) совршено одговара на потребата на лицата кои се на диета, односно бебешката порција ја ублажува гладта, преку неа внесуваме здрав и хранлив оброк, а при тоа не се внесуваат поголема количина калории.

Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг