Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Правилно планирање на исхраната при бременост

Правилно планирање на исхраната при бременост
Објавено: 2010-01-25
За време на бременоста, исхраната мора да биде разновидна и урамнотежена, така што на тој начин се чува здравјето, како на мајката, така и на детето. Исхраната е од посебно значење за бремените жени кои страдаат од дијабетес. Дијабетесот може да се појави и во бременоста, па правилната исхрана превентивно ќе делува на неговото престанување.

Енергетските потреби, како и потребите за основните хранливи материи се слични како и кај здравите трудници. Најдобро би било да се изгради индивидуален здрав план за правилна исхрана. Во секој случај, треба да се придружувате кон некои општи правила.

Во првата половина на бременоста, некои посебни измени во исхраната не се потребни. Жените кои имаат дијабетес пред бременоста, веќе знаат кои намирници и во кои количини треба да ги консумираат. Заради честите тешкотии и повраќања во почетокот на бременоста, исхраната би требало да се состои од чести мали оброци. Малите чести оброци се препорачуваат и во подоцната бременост, затоа што го одржуваат стабилно нивото на глукоза во крвта и спречува од напад на глад. Доколку постојат тегоби, препораката е наутро непосредно по будењето да се изеде некој кекс или двопек.

Во другата половина од бременоста, особено после шестиот месец, бебето интензивно расте па се зголемуваат и потребите за храна. Иако трудниците често мислат дека треба да се јаде за двајца, енергетската потреба треба да се зголеми за 300-350 kcal.

Правилната исхрана треба да обезбеди пред се белковини. Тоа се постигнува со консумирање на млеко и млечни производи, риби, мешунки и повремено консумирање на јајца. Освен белковините, овие намирници за организмот ќе обезбедат и калциум, железо и витамин Д. Посебно внимание би требало да посвети на внесот на јаглените хидрати. Јаглените хидрати се надоместува со јадење интегрални житарки и нивните прозиводи, како и овошје и зеленчук. Со внесувањето на сложени јаглени хидрати, се внесуваат и билни влакна, кои се значајни за одржување на стабилното ниво на шеќер во крвта, но, и витамини и минерали, посебно витамин Ц и витамин Б комплекс. На овој начин се спречува брзиот напад на глад.

Иако во бременоста се појавува потреба за внесување прости јаглени хидрати, ние би требало да ги исклучиме и кај здравите трудници, а посебно кај оние кои што страдаат од дијабетес. Треба да се консумира леб, тестенини и печива од бело брашно, како и компир.

Кога се во прашање мастите, предност треба да се даде на ладното цедено масло (сончогледово, маслиново), а да се намали внесувањето на заситените масти (маргарин, павлака и кајмак).

Со правилната исхрана се одржува идеалната телесна маса, така што до крајот на бременоста, трудницата не би требало да ја зголеми својата телесна маса со повеќе од 9-12 килограми.

Слични статии:

Исхраната и бременоста Исхраната и бременоста

Статијата исхрана и бременост се однесува на консумирањето хранливи материи и внимавање на исхраната пред, за време на и по бременоста. Мари Е. Бараси забележува дека сите диетални совети кои се однесуваат на исхраната за време на бременоста, претставуваат важни фактори за определување на здравјето на зачнатиот ембрион во иднина. Освен тоа, забележано е дека некои фактори во врска со исхраната го намалуваат ризикот од појава на болести во детство

Внимателно со своите килограми во бременоста Внимателно со своите килограми во бременоста

Жена со нормална телесна тежина дозволено е да ја зголеми својата телесна маса за 13 килограми. Иако многу трудници сметаат дека во текот на бременоста не мораат да мислат на вишокот килограми, експертите препорачуваат да се води сметка за килограмите кои ќе се добијат во овој период.

Чоколадото корисно и во бременоста Чоколадото корисно и во бременоста

Консумирањето чоколадо во текот на бременоста е добро за детето, се покажало во истражувањата на финските научници, од Универзитетот во Хелсинки.

Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг