Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Како да приготвите домашен црн леб

Како да приготвите домашен црн леб
Објавено: 2009-10-15
  Скоро секој оброк во текот на денот содржи леб. Затоа лебот е еден од најбитните прехрамбени продукти во човечкиот живот. Научете сами да го приготвувате и на тој начин да добиете здрав и традиционално приготвен леб.

Приготвување на тестото

Потребни состојки:

1. Исечете пола квасец и земете една празна чаша која ќе ви служи како мерка за брашното.




2. Загрејте млака вода во ѓезве и ставете ја во чашата со квасецот. Водата нека биде млака, да не врие и да не биде многу топла. Така растопен квасецот со млака вода оставете го да одстои 5-10 минути.

 

3. Во празната чаша додадете го брашното. Ние користевме една чаша `ржано брашно, една чаша пченкарно брашно и една чаша бело брашно. Треба да има околу пола килограм брашно за еден леб. Но оваа постапка важи за било кој тип на брашно.



4. Брашното поминете го низ сеалка за да се отстранат некои поголеми парчиња од житарките, ѓубре, а не ретко може да се најдат и ситни инсекти во брашното па на овој начин ги отстранувате. Оваа постапка се препорачува и кога месите со било кое брашно.



5. Остатокот од сеењето фрлете го.


6. Во исеаното брашно додадете половина лажица шеќер и половина лажица сол


7. Квасецот би требало веќе да е растопен во млаката вода. Сега треба да го истурите во брашното.




8. Еден совет: Не започнувајте веднаш со месење додека водата е на површината од брашното бидејќи ќе ви се залепи за рацете целата смеса. Прво протресете го садот да се упие водата во брашното. Доколку е малку, додадете вода додека не се натопи и останатиот дел од брашното. Додавајте по малку, бидејќи ако додадете многу вода ќе биде многу леплива смесата и нема да можете да ја измесите.


9. На масата или рамната подлога каде што ќе го месите тестото истурете брашно пред да ја ставите смесата. На тој начин ќе избегнете смесата да се залепи за подлогата. Почнете да го месите тестото пристикајќи го. Доколку осетите дека е многу лепливо додадете брашно. Доколку осетите дека е многу тврдо и суво можете по малку да додадете вода но внимателно со количината.

Месењето е околу 10 минути и на крај треба да добиете меко тесто.

10. Откако сте го измесиле лебчето, можете да направите ресички со нож за поубаво да се испече.



11.За поубав вкус и изглед ние одлучивме да додадеме малку кршени житарки по површината на тестото.
Ова може но и немора да го правите по желба. Доколку имате дома, можете да ставите и овесни снегулки или некој друг тип на житарки.


12. Го враќаме припременото тесто назад во садот каде што ја приготвувавме смесата за да нарасне.


13. Покријте го садот со крпа и завиткајте го во некое постаро кебе за да ја задржи температурата и да нарасне тестото.

Така покриеното тесто оставете го да одстои 30-45 минути. Но тоа исто така зависи од температурата на просторијата. Доколку станува збор за топла просторија, тестото побрзо ќе нарасне. Доколку е тоа ладна просторија ќе му биде потребно повеќе време.

14. Откако нараснало тестото пуштете ја рерната на 180 степени и оставете ја 5-10 минути да се загрее.
Во загреаната рерна во тавче за печење ставете го тестото и печете околу 15-20 минути.


По печењето проверете со вилушка дали е добро испечено во внатрешноста на лебот.




 

Слични статии:

Како да подготвите обичен пандишпан од јајца Како да подготвите обичен пандишпан од јајца

Обичниот пандишпан се прави на оној начин што се мати еднакво количество јајца, брашно и шеќер.

Како да подговите лиснато тесто - основен рецепт Како да подговите лиснато тесто - основен рецепт

Лиснато тесто - основен рецепт

Варење на зеленчук Варење на зеленчук

Како и колку да вариме моркови, пченка и брокула? - Овие три вида зеленчук се варат во вода што врие но сите одделно, за да не се мешаат вкусовите и бојата.

Како да подготвите тесто за пити (виткани пити) - основен рецепт Како да подготвите тесто за пити (виткани пити) - основен рецепт

Тесто за пити (виткани пити) - основен рецепт

Како да подготвите основен рецепт за палачинки Како да подготвите основен рецепт за палачинки

Се матат добро 3 јајца во подлабока чинија, се додава 1/2 кгр. брашно и заедно се промешуваат добро.

Како да подготвите киснато тесто - основен рецепт Како да подготвите киснато тесто - основен рецепт

Киснато тесто - основен рецепт

Како да подготвите кајгана Како да подготвите кајгана

Во еден сад ги матиме јајцата кои предходно сме ги посолиле.

Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг