Содржината на калциумот во човековиот организам
Калциумовата содржина во организмот е тесно сврзана со содржината на магнезиумот, стронциумот и фосфорот.
Колку калциумот му е неопходен на човековиот организам?
Возрасниот човек има потреба од околу 1 гр. калциум на ден. Додека, само за постојано обновување на структурата на коските е неопходно 0,5 гр.
Причината за тоа е што едвај 50% од јоните на калциумот се усвојуваат односно апсорбираат во цревата, бидејќи се образуваат тешко растворливи фосфати и соли на масните киселини. Потребата во организмот на калциум кај бремените жени и родилки се зголемува на 1,4 до 2 грама на ден. Потребата за калциум може да варира во зависност од возраста и индивидуалните потреби на организмот, но нема сомнение дека калциумот е неопходен секогаш и секому.
Дневна потреба од калциум (во мг.) во различни периоди од животот.
Возраст и период Количина калциум
Деца:
До 6 месеци 400
До 1 година 600
1-10 години 800
11-18 години 1500
Возрасни :
18-30 години 800-1000
30-50 години 800-1000
Мажи над 70 години 1200
Бремени и родилки 1200
Слични статии:
|
Калциумот го одржува здравјето на нервите Јоните на калциумот се брзите гласници во нервите. Додека многу други супстанции првенствено учествуваат во производството на неуротрансмитерите, калциумот е еден од најголемите раководители на метаболизмот на нервите. |
|
Каде е најприсутен калциумот? Калциумот е најприсутен во: млеко (1 грам на 1/4литри), млчни производи, сирење, јогурт, лиснат зелен зеленчук, кељ, овошни сокови, кргушки од риба, сардини, лосос, брашно од костен, кикирики, ореви, бадеми, семки од сончоглед и црн пипер. |
|
Карактеристики и делување на калциумот Калциумот во организмот го има повеќе од било кој друг минерал. |