Тинеџерската депресија, не е само подолготрајно лошо расположение и повремена меланхонија. Депресијата претставува сериозен проблем, кој ги опфаќа сите сфери од животот на тинејџерот. Ако не се лекува, тинејџерската депресија може да предизвика проблеми дома, на училиште, да доведе до посегнување по дрога, презаситеност од самиот себе, дури и до посегнување по сопствениот живот. За среќа тинејџерската депресија , успешно може да се излечи, и како загрижен родител, учител или пријател има многу работи кои можете да ги направите за да помогнете.
Постојат многу заблуди во врска со тинејџерската депресија, како и во врска со тинејџерите воопшто. Тинејџерските години се тешки сами по себе, меѓутоа најголем дел од тинејџерите, воспоставува рамнотежа помеѓу вообичаениот отпор и внатрешен бунт, со формирање на солидни пријателски односи, успех во учењето, или вон училишните активности, со што се развива силно чувство на создавање на сопствената личност.
Повремените изливи на лошо расположение поминуваат во рамките на очекуваното, но депресијата е сосема друго. Депресијата може да ја уништи природата на личноста на тинејџерот, предизвикувајќи огромно чувство на тага, очај или бес.