Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Витаминот А го чува срцето

Витаминот А го чува срцето
Објавено: 2010-08-17
Витаминот А ја заштитува мембраната на клетките и ги зајакнува кожата и слузницата. Спречува многу инфекции, како и неконтролирано растење на ткивото, па може да се нарече вистински заштитник на организмот.

Особено се споменува неговото позитивно дејство кај акните. Бидејќи учествува во градбата на фотосинтензитивните стапчиња во мрежницата на окото, витаминот А го спречува ноќното слепило, а го подобрува и зараснувањето на раните.

Тој го стимулира имунитетот, бидејќи го зголемува нивото на Т и Б-лимфоцитите. Се користи во терапијата на Кронова болест, чир на желудник и анемија. Помага и при правилна делба на клетките во процесот на диференцијата. Клетките што не се делат исправно, се подложни на прекарциногени промени. Овој витамин е потребен за формирање на коските, за протеините и за хормоните на растот. Бета-каротинот е растителен пигмент, кој нашиот организам според потребите го претвора во витамин А. Тој е нужен за одржување здрави коски и слузница и прва линија за одбрана на телото од микроорганизми и токсини. Бата-каротинот и витаминот А штитат од кардиоваскуларни болести и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Витаминот А е клучен за добар вид.

Може да биде токсичен  

За разлика од другите витамини, кои не се штетни во големи дози, витамин А може да биде токсичен. Затоа е добар да се зема под надзор на лекар.

Препорачана дневна доза за возрасни мажи е 1,000 RE (ретинол еквивалент), а за жените е 800 RE ( RE=1/µg ретинол). Претворено во бета-каротин тоа изнесува 6 милиграми дневно.

Има случаи на токсично дејствување на витаминот А во терапијата против акни или при долготрајно земање масло од дроб на ајкула.

Црвенило на кожата, јадеж, главоболка и мачнина се првите знаци што укажуваат дека дозата треба да се намали. Таблетите со витамин А, кои се направени специјално за разни кожни болести, содржат 20 пти поголеми дози од дневно препорачаните. Честопати витаминот А е во комбинација со други витамини во т.н. мултивитамински производи. Можно е витаминот А и некои лекови да стапат во меѓусебна врска, па затоа најдобро е да се советувате со лекар.
 

Слични статии:

Карактеристи и делување на витаминот А Карактеристи и делување на витаминот А

Витаминот А е алкохол со висока молекуларна тежина,кој се депонира во црниот дроб 95%,бубрезите,градите и во мастите.

Каде е најзастапен витаминот А? Каде е најзастапен витаминот А?

Најчесто е присутен во: млеко, путер маргарин, јајца, говедски црн дроб, рибино масло, морков, диња, спанаќ, листови од ротква, магдонос, праска, кајсија, слива, глуварче и тиква.

На компјутерџиите им треба витамин А На компјутерџиите им треба витамин А

Гледајќи во компјутерскиот екран очите секогаш реагираат на светлите и темните точки. Очите трошат повеќе фотосензитивен пигмент кој е потребен за видот.

Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг