Внимателно со своите килограми во бременоста
Иако многу трудници сметаат дека во текот на бременоста не мораат да водат сметка за вишокот килограми, експертите препорачуваат да се води сметка за килограмите кои ќе се добијат во овој период.
Ако носат едно дете, жените со нормална тежина можат да се здебелат до 13, а особите кои имаат вишок килограми до 11. Единствено оние жени кои имаат недостаток на килограми можат да добијат и до 18 килограми. Кога се во прашање близнаци (или во некои случаеви повеќе деца), тогаш и добиената килажа може да биде поголема. Во спротивно оние особи кои не водат сметка околу своите килограми, можат да го зголемат ризикот од дијабетис и хипертензија. Исто така, ним често им е потребен "царски рез", а склони се и на инфекции по породувањето.
За да не би имале проблеми со вишокот килограми во текот на бременоста, жените треба да ги прифатат здравите навики во исхраната. Треба да јадат 4 до 5 порции варен ориз или интегрален леб на ден. Млечни производи, односно помалку масно млеко, јогурт или тврдо сирење можат да консумираат три до четири порции на ден. Протеините од месото, рибата, гравот или јајцата треба да се консумираат три до четири порции. Зеленчукот, како што се брокулата, морковите, грашокот и доматот, мора да се консумира три до пет порции. Овошјето како портокал, банани и јаболки треба да се консумираат две до четири порции.
Но вреди да се напомене што навистина значи една порција: едно парче леб, половина шоља варен ориз, една шоља млеко или јогурт, половина шоља варен зеленчук и една банана или јаболка.
Експертите советуваат дека во бременоста не треба буквално да се јаде како за двајца, туку треба да се консумираат намирници со 300 калории повеќе отколку обично. трудниците треба да внимаваат на свежото или слабо вареното месо или морска риба кои можат да бидат богати со жива. Исто така, не смеат да јадат многу производи од непастеризирано млеко, како што е фета сирењето, поради тоа што во нив може да има бактерии кои можат да предизвикуваат прерано раѓање на детето.
Трудниците треба да внимаваат и на домашно подготвените преливи за салата, како и на јајца, затоа што во нив може да има салмонела.
Слични статии:
|
Чоколадото корисно и во бременоста Консумирањето чоколадо во текот на бременоста е добро за детето, се покажало во истражувањата на финските научници, од Универзитетот во Хелсинки. |
|
Правилно планирање на исхраната при бременост За време на бременоста, исхраната мора да биде разновидна и урамнотежена, така што на тој начин се чува здравјето, како на мајката, така и на детето. Исхраната е од посебно значење за бремените жени кои страдаат од дијабетес. Дијабетесот може да се појави и во бременоста, па правилната исхрана превентивно ќе делува на неговото престанување. |
|
Исхраната и бременоста Статијата исхрана и бременост се однесува на консумирањето хранливи материи и внимавање на исхраната пред, за време на и по бременоста. Мари Е. Бараси забележува дека сите диетални совети кои се однесуваат на исхраната за време на бременоста, претставуваат важни фактори за определување на здравјето на зачнатиот ембрион во иднина. Освен тоа, забележано е дека некои фактори во врска со исхраната го намалуваат ризикот од појава на болести во детство |